Седлоски тестираше 42 фудбалери на шест натпревари, но Македонија остана без победа и без гол — 1.10.2026
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со серија од десет натпревари без победа, а во последните шест средби под водство на селекторот Гоце Седлоски не постигна ниту еден гол. Во тие шест натпревари, на кои Македонија забележа четири порази и две нерешени средби, Седлоски имаше можност да тестира дури 42 фудбалери. Македонија остана без постигнат гол во 540 минути игра под водство на Седлоски, додека вкупната серија без гол изнесува 607 минути. Она што е особено интересно е што половината од тие шест натпревари, односно три од нив, беа од официјален и натпреварувачки карактер, каде што вообичаено нема многу простор за експериментирање. Сепак, селекторот искористи голем број фудбалери, но македонските навивачи не само што не се израдуваа на победа, туку немаа шанса ниту да видат барем еден гол. Само тројца фудбалери настапија на сите шест натпревари, а тоа се голманот Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Висар Муслиу. Димитриевски имаше најголема минутажа и на теренот мина 485 минути, Елмас одигра 473 минути, додека Муслиу мина 353 минути на теренот. Со по пет настапи се истакнаа напаѓачите Елмин Растодер со 228 минути и Бојан Миовски со 197 минути, како и централниот дефанзивец Ѓоко Зајков со 326 минути минати на теренот. По нив следуваат шестмина фудбалери со по четири натпревари: Ерера со 315 минути, Барди со 254 минути, Омерагиќ со 234 минути, Атанасов со 225 минути, Елези со 216 минути и Чурлинов со 214 минути. По три настапи на овие шест натпревари има седуммина фудбалери и сите минале под 200 минути на теренот. Тоа се Стојчевски, Фетаи, Велковски, Аломеровиќ, Ристовски, Серафимов и Николов. Со по два настапи има десетмина фудбалери, а само Матеј Гаштаров има максимални 180 минути, додека со по еден настап се вкупно 13 фудбалери. Ваквата статистика покажува дека Седлоски искористи голема бројка на фудбалери во обид да ја пронајде вистинската формула за македонската репрезентација, но резултатите изостанаа. Македонија не само што не забележа победа во о