Седлоски пред дебито со Швајцарија: Со поддршка од публиката до позитивен резултат

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје, на арената „Тодор Проески“, во првото коло од петтата сезона на Лигата на нациите, првпат во историјата ќе одигра натпревар против селекцијата на Швајцарија. Натпреварот е закажан за 20.45 часот, а селекторот Гоце Седлоски пред дуелот изрази задоволство од подготвеноста на играчите и верба дека со помош на публиката може да се дојде до позитивен резултат. „Од сите играчи сум презадоволен. Сите четири тренинзи ги одработија максимално и знаат што треба да работат на терен. Против секој противник треба да се игра, па така и против силната Швајцарија. Знаеме каков состав имаат, но сакам да размислуваме пред сè за нас. Сите наши фудбалери се здрави и тренираат добро, освен Николов, кој нема да настапи. Со помош на публиката верувам дека можеме до позитивен резултат. Очекуваме голема поддршка од трибините, а наше е да прикажеме добра игра“, изјави селекторот Седлоски. Дуелот вечерва во групата 1 е дебитантски за Македонија во лигата Б на Лигата на нациите, откако репрезентацијата го освои првото место во својата група во лигата Ц во минатото издание на ова натпреварување и се пласира еден ранг погоре. Капитенот Енис Барди пред натпреварот истакна дека атмосферата во тимот е одлична и дека поддршката од навивачите е од големо значење. „Имаме одлична атмосфера, среќни сме што повторно сме заедно и подготвени сме за максимум. Очекуваме голема поддршка од навивачите, тоа многу ни значи. Играме во Скопје, ова е нашиот дом и треба да го покажеме нашиот идентитет. Многу ни значи полн стадион и свесни сме дека пред нас е тежок натпревар“, вели Барди. Швајцарија ќе биде 50. репрезентација од актуелните членки на Европската фудбалска унија (УЕФА) со која Македонија ќе одигра натпревар. За предизвикот пред моќниот противник, кој е четвртфиналист на Мундијалот, говореше и Елиф Елмас. „Очекувам тежок натпревар. Играме против моќна репрезентација и четвртфиналист на Мундијалот, но ние сме подготвени и ќе излеземе по позитивен ре

Седлоски пред дебито со Швајцарија: Со поддршка од публиката до позитивен резултат | FinPortal.mk

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје, на арената „Тодор Проески“, во првото коло од петтата сезона на Лигата на нациите, првпат во историјата