СДСМ: ЗНАМ две години по ред ги предаваше партијата, гласачите и државата – сè за тендери

FinPortal.mk · 19.9.2026 г.

Опозициската СДСМ денеска остро ја обвини коалицијата ЗНАМ дека по две години од своето формирање целосно се претворила во сателит на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чија единствена вистинска цел била освојување тендери и лична корист, а не реформи или љубов кон Македонија. Во соопштението до јавноста, партијата потсетува дека ЗНАМ се родил како проект на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со задача да ја урне СДСМ одвнатре, а денес, две години подоцна, истите тие луѓе кои некогаш ветуваа реформи во СДСМ, седат во власта и се дел од она што СДСМ го нарекува организирана криминална група. „Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите. Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – тендери“, велат од СДСМ, алудирајќи на најавениот настан со кој ЗНАМ одбележува две години од своето постоење. Според партијата, пораката што ја испраќаат со тој настан е јасна: „Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: како ја предадов партијата и гласачите за тендери. Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите.“ Од СДСМ потсетуваат дека луѓето кои ја сочинуваат ЗНАМ прво ја предале својата матична партија, а потоа ги предале и гласачите кои поверувале во приказната за реформи во СДСМ. „Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта. Резултатите ги знае народот“, се наведува во соопштението. Партијата директно го именува и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, за кого тврди дека „прво ги продаде гласачите, потоа Македонија“, а како пример го наведува случајот со плацот за „Лидл“, за кој велат дека е дополнителен показател за вистинските мотиви. „Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор“, велат од СДСМ, додавајќи дека токму ваквите постапки ги разоткриваат вистинските намери на оние кои се претставуваат како

СДСМ: ЗНАМ две години по ред ги предаваше партијата, гласачите и државата – сè за тендери | FinPortal.mk

Опозициската СДСМ денеска остро ја обвини коалицијата ЗНАМ дека по две години од своето формирање целосно се претворила во сателит на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ч