СДСМ: Владата на Мицкоски планира ново задолжување од 250 милиони евра до крајот на годината
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Опозициската СДСМ обвини дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски планира ново задолжување од 250 милиони евра до крајот на годинава, преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Од партијата тврдат дека оваа одлука била донесена на владина седница одржана на 29 септември, а средствата се наменети за буџетска поддршка. „Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без нови задолжувања“, велат од СДСМ во соопштението до јавноста. Од партијата потсетуваат дека веќе во 2026 година нема доспеани долгови за враќање, поради што, како што тврдат, новото задолжување не е наменето за сервисирање на стари обврски туку за исплата на пензии и плати. Според СДСМ, причината за новото задолжување е тоа што во Буџетот нема доволно пари, а дел од средствата, како што велат од партијата, се предвидени и за криминални тендери. Од опозицијата наведуваат дека со ова задолжување јавниот долг на земјата веќе достигнува 11 милијарди евра, а кога кон него ќе се додадат и скриените долгови кон ЈПДП и другите јавни претпријатија, тој надминува 63 отсто од бруто домашниот производ. Од СДСМ дополнително предупредуваат дека дупката во буџетот изнесува 900 милиони евра, додека дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) достигнува 1 милијарда евра. „Состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална“, велат од партијата, оценувајќи дека без економски резултат премиерот Мицкоски ги турка граѓаните кон должничко ропство. Во соопштението се тврди и дека за само две години актуелната власт го зголемила долгот за 4 милијарди евра, што претставува половина од вкупниот долг на земјата од независноста до денеска. „Ова е уште една потврда на предупредувањата на СДСМ за катастрофалната состојба со буџетот и дебаклот на економските политики на арамијата“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата порачуваат дека нивните претходни предупредувања за влошената фиска