СДСМ: Владата ја „држи“ цената на струјата со нов заем од 33 милиона евра, сметката повторно ја плаќаат граѓаните

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

СДСМ остро реагираше на најавата дека преку ЕСМ ќе се земе нов заем од околу 33 милиона евра за набавка на батерии во Битола, оценувајќи дека тоа не е мерка за заштита на граѓаните од поскапување на струјата, туку ново задолжување чија сметка повторно ќе ја платат граѓаните. Од партијата велат дека премиерот Христијан Мицкоски ја користи истата „трик-приказна“ како и досега и дека со овој заем само се одложува, а не се решава проблемот со цената на електричната енергија. „Уште едно задолжување. Ново. Арамијата Мицкоски пак излегува со истата трик-приказна. Сега преку ЕСМ сака заем од околу 33 милиони евра за батерии во Битола. Ќе ви каже: ова е за да не скокне струјата. Не е. Батериите не прават евтина струја. Ја ставаат струјата во склад и ја пуштаат подоцна“, велат од СДСМ во соопштението. Од партијата објаснуваат дека батериите функционираат како „фрижидер за киловати“ и дека можат да помогнат на мрежата, но дека тоа не значи и поевтина сметка за домаќинствата. Според нив, заемот е долг, а долгот мора да се врати, што значи дека товарот на крајот повторно паѓа врз граѓаните. СДСМ потсетуваат дека ЕСМ веќе се соочува со тешка финансиска состојба, со загуба над 100 милиони евра, помалку домашно производство на струја и поскап увоз. Од партијата предупредуваат дека кога државната компанија нема да може да го врати кредитот, обврската ќе ја преземе државата, а државата парите ќе ги земе од граѓаните – преку данок, преку сметката за струја и преку намалени средства за плати и пензии. „Денес велат – нема поскапување. Утре стигнува каматата. Цената не ја држат. Ја кријат во заем. ВМРО-ОКГ така работи со сè. Концерт – ‘нула денари‘ за диџејот, па Лотарија плати 5,5 милиони евра. Сега струјата ‘ја држиме‘, а граѓаните ќе ја враќаат – со 33 милиони плус камата. Ако сакаше евтина струја, ќе произведуваше дома. Ќе ја среди ЕСМ. Нема. Се задолжува. Нема бесплатни батерии. Има кредит. Има камата. Има банда што слави заем како грижа. Граѓанинот плаќа два пати – еднаш на бројило

СДСМ: Владата ја „држи“ цената на струјата со нов заем од 33 милиона евра, сметката повторно ја плаќаат граѓаните | FinPortal.mk

СДСМ остро реагираше на најавата дека преку ЕСМ ќе се земе нов заем од околу 33 милиона евра за набавка на батерии во Битола, оценувајќи дека тоа не е мерка за