СДСМ: Укинувањето на Законот за координација на безбедносните служби е чекор кон партиска контрола

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

СДСМ остро реагираше на одлуката на Владата на премиерот Христијан Мицкоски да го укине Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувајќи го овој потег како чекор назад што значи поништување на реформите спроведени по препораките на Прибе. Според партијата, станува збор за удар врз механизмот воспоставен во рамките на реформите чија цел беше да се спречат повторни злоупотреби и политизација на службите. Од СДСМ го означија како скандалозно тоа што самото Министерство за внатрешни работи оценува дека законот е системски правилно поставен и усогласен со стандардите на Европската Унија и НАТО, а сепак предлага негово укинување. Од партијата поставија низа прашања: ако проблемот е во спроведувањето, зошто се укинува законот; ако недостига оперативен капацитет, зошто не го обезбедат; и ако постои недоверба меѓу институциите, кој е одговорен да ја надмине. Според нив, изговорите не држат. СДСМ оцени дека целта на Мицкоски е јасна — да воведе целосна партиска контрола над службите, како во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, на ист начин како што, како што тврдат, го контролира правосудството, полицијата и се друго во државата. Од партијата потсетија дека реформите спроведени по стандарди на Европската Унија и НАТО имаа јасна цел: професионални служби, разграничени надлежности, демократска контрола и заштита на граѓаните. Затоа, како што наведуваат, Оперативно-техничката агенција беше формирана како посебна агенција, а Агенцијата за национална безбедност беше издвоена од Министерството за внатрешни работи. Овој процес, според СДСМ, бил важен дел од приближувањето на државата кон НАТО и Европската Унија. Според партијата, Законот за координација обезбедува заеднички проценки на заканите, размена на информации и усогласено постапување на Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и военото разузнавање. Со Советот претседава премиерот, а механизмот ги поврзува службите и со предлозите на Советот за безбедност. СДСМ оцени де

СДСМ: Укинувањето на Законот за координација на безбедносните служби е чекор кон партиска контрола | FinPortal.mk

СДСМ остро реагираше на одлуката на Владата на премиерот Христијан Мицкоски да го укине Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувај