СДСМ: Реакциите на Гаши по пресудата за Тачи се несоодветни, законот мора да важи за сите

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Опозициската СДСМ оцени дека реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг за Хашим Тачи и уште тројца обвинети, се крајно несоодветни. Од партијата нагласуваат дека Гаши извршува државна функција и е претставник на држава која сака да биде дел од Европската Унија, поради што, според нив, не може да има двојни аршини во однос на одлуките на меѓународните судови. Специјализираните совети во Хаг донесоа првостепена пресуда со која Хашим Тачи и уште тројца обвинети се прогласени за виновни за воени злосторства. Процесот не е завршен, бидејќи е најавена жалба, но од СДСМ потенцираат дека принципот останува ист — одлуките на судот мора да се почитуваат додека повисок суд не одлучи поинаку. „СДСМ не се меша во работата на судот. Не кроиме пресуда според коалиција, нација или моментален интерес. Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго. Таму обвинителството не работи на телефон. Затоа се бориме за Европска Унија. Законот мора да важи за сите. Хаг судеше и кога на обвинителна клупа беше Ратко Младиќ. Тогаш рековме: пресуда мора да се почитува. И сега истото. Законот не се бира по нација“, истакнуваат од партијата. Од СДСМ повикуваат сите да ја почитуваат одлуката на судот и да избегнат поттикнување тензии или поделби. Според нив, пресудата не е насочена против албанскиот народ, ниту против правото на Косово на слобода, туку судот суди поединци. „Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме“, велат од опозицијата. Во таа насока, од партијата посочуваат дека кај нас е обратна состојбата, бидејќи, како што тврдат, премиерот се меша во суд и во обвинителство, предметите се тргаат, а толкувањата се измислуваат. Тие потсетуваат дека Европската комисија во своите извештаи наведува притисок врз правосудството, што, според СДСМ, е показател дека некои сакаат партијата

СДСМ: Реакциите на Гаши по пресудата за Тачи се несоодветни, законот мора да важи за сите | FinPortal.mk

Опозициската СДСМ оцени дека реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг за Хашим Тачи и у