СДСМ предупредува: нов ребаланс на Буџетот, граѓаните ќе го плаќаат долгот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Само два месеци по последниот, Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот, што според СДСМ е потврда за катастрофалната состојба на државната каса и за дебаклот на економските политики на премиерот Христијан Мицкоски. Од опозициската партија велат дека се случува токму она што го најавиле и предупредуваат дека следуваат нови долгови врз грбот на народот. Според СДСМ, буџетската дупка е огромна и изнесува 900 милиони евра. Владата, како што тврдат од партијата, нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Веќе е направено ново задолжување од 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината, што, како што оценуваат од опозицијата, не е наменето за враќање стари кредити ниту за развојни инвестиции, туку за покривање на недостигот во државната каса. „Тоа е резултатот од економските политики на Мицкоски: Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните слушаат бајки за економски успеси“, велат од СДСМ. Според партијата, бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода, бидејќи дефицитот во Буџетот е 900 милиони евра, а дупката во ПИОМ достигнала една милијарда евра. Од таму оценуваат дека наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, Владата трупа долгови за да ги покрива основните обврски. Со новото задолжување, како што пресметуваат од СДСМ, јавниот долг достигнува 11 милијарди евра, а со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија надминува 63 отсто од БДП. „Должничко ропство. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, само за две години. Половина од вкупниот долг на државата во изминатите 30 години. Кредитот не е приход, туку тешка обврска што ќе ја враќаат граѓаните, работниците и следните генерации“, порачуваат од опозициската партија. СДСМ соопшти дека новиот ребаланс е директен показател за тоа дека државната каса не може да ги покрие ни најосновните обврски кон граѓаните, како што се платите и пензиите. Од партијата сметаат дека наместо одговорно управување со јавните финансии, Владата избрала пат на посто

СДСМ предупредува: нов ребаланс на Буџетот, граѓаните ќе го плаќаат долгот | FinPortal.mk

Само два месеци по последниот, Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот, што според СДСМ е потврда за катастрофалната состојба на државната каса и за дебаклот