СДСМ поднесе 2.000 амандмани за да го блокира законот за јавни набавки
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
СДСМ ќе се обиде да го блокира донесувањето на законот за јавни набавки со поднесување околу 2.000 амандмани, изјави претседателот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција. Според него, предложените законски измени отвораат простор за трошење јавни средства без доволна контрола, поради што опозицијата решила да ја искористи својата законска можност и да поднесе амандмани со цел законот да не помине. Филипче изрази забелешки на предложените измени, оценувајќи дека тие му овозможуваат на кој било функционер да троши 10.000 евра каде сака, кога сака, без никаква контрола и без да даде отчет никому. Тој посочи дека законот предвидува зголемување на лимитот на пари за набавки без тендер од 5.000 на 10.000 евра за градежни работи, како и од 1.000 на 2.000 евра за стоки. Според него, токму тоа се предлага во законот за јавни набавки. Како дополнителна забелешка, Филипче наведе дека се укинува обврската воведена во 2019 година да се бара согласност од Бирото за јавни набавки за постапки за преговарање без оглас. Со тоа, како што рече, се отвора неограничена можност да се прават набавки со договор во четири очи, без апсолутно никаква контрола. Тој додаде и дека се зголемува сумата за надоместок за поднесување жалба од сегашните 5 до 200 евра на 150 до 600 евра, со што, според него, целта е да се обесхрабрат фирмите, посебно помалите, да не можат да се жалат за постапките затоа што ќе им биде скапо. Филипче се осврна и на пристапот до јавни податоци, наведувајќи дека досега тој бил бесплатен и дека секој новинар, граѓанска организација или граѓанин можел да има увид во формат погоден за обработка, а со измените сега треба да се плати на Бирото за јавни набавки. „И затоа користејќи ја нашата законска можност ние поднесовме 2.000 амандмани со цел да го блокираме законот, да не помине, тоа е целта“, рече Филипче. Тој, сепак, додаде дека деловничката одредба е таква што може да се дадат амандмани што се однесуваат само на делот за кој претседателката дава забелеш