СДСМ од Валандово бара итен откуп на грозјето: Пет милиони евра за концерти, а лозарите останаа без мерки
FinPortal.mk · 12.9.2026 г.
Општинската организација на СДСМ во Валандово денес јавно ја повика Владата итно да излезе во пресрет на лозарите и да обезбеди интервентен откуп на грозјето, обвинувајќи ја власта дека во моменти кога земјоделците не можат да го продадат својот род, државата издвојува милионски средства за концерти, каравани и манифестации низ целата земја. Претседателката на валандовската организација на СДСМ, Еми Заева-Костова, на прес-конференција изнесе низа критики за состојбата во земјоделството и лозарството, оценувајќи дека актуелната власт наместо на терен меѓу земјоделците, вниманието целосно го насочила кон организирање прослави и спектакли. Заева-Костова тврдеше дека лозарите во Валандово и околината своето грозје го нудат по цена од само 14 денари за килограм, но дека и по таа, како што ја опиша, мизерна цена, не можат да најдат откупувач. Таа посочи дека проблемот со пласманот не ги погодува само лозарите, туку и градинарите кои се мачат да ги продадат своите производи, меѓу кои зелки, домати и пиперки, а често, како што рече, се принудени да ги фрлат на отпад. „Силно светнал ден, но прашањето е за кого, почитувани граѓани? Дали силно светнал ден за земјоделците кои се мачат да ги продадат градинарските производи или да ги фрлат на отпад? Или за лозарите кои своето грозје го нудат за мизерни 14 денари по килограм и никој не го откупува?“, изјави Заева-Костова пред новинарите. Од валандовската организација на СДСМ ја поврзаа состојбата во земјоделството со средствата потрошени за одбележувањето на 35-годишнината од независноста на земјата и придружните манифестации. Според Заева-Костова, околу пет милиони евра се издвоени за концерти и каравани, додека за лозарите во актуелната криза нема соодветна помош. „Пет милиони евра да се вратеа како мерки кон земјоделството и лозарството, сега ќе ја немавме оваа криза и лозарите достоинствено ќе си ги испратеа децата на школо, без да им кратат основни потреби“, рече таа, потенцирајќи дека парите наместо за прослави можеле да би