СДСМ: Новите критериуми за субвенции ќе остават 10.000 земјоделци без поддршка
FinPortal.mk · 30.9.2026 г.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предупредува дека новите критериуми за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година ќе остават без субвенции околу 10.000 земјоделци кои досега редовно ја користеле оваа поддршка. Според партијата, станува збор за производители кои повеќе не ги исполнуваат новите услови, а не за оние кои ја злоупотребувале државната помош. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на прес-конференција изјави дека Владата ја намалила поддршката за земјоделците и вовела построги критериуми за добивање субвенции. „Рокот за пријавување за субвенции за 2026 ќе заврши со околу 10.000 земјоделци помалку во споредба со претходните години“, рече Поповиќ, додавајќи дека не станува збор за земјоделци кои ја злоупотребувале поддршката, туку за производители кои повеќе не ги исполнуваат новите услови. Таа посочи дека минималната површина за лозарство и овоштарство е зголемена од 0,2 на 0,5 хектари, а кај поледелските култури од 0,5 на 0,7 хектари. Според СДСМ, овие измени директно ги погодуваат малите производители, кои со децении се занимаваат со земјоделство и за кои субвенциите претставуваат основен извор на сигурност. Поповиќ го обвини и министерот за земјоделство Борче Серафимовски дека најпрво најавил олеснување на условите според кои висината на субвенциите зависи од минимален процент продадено или предадено производство, а потоа, како што рече, предложените олеснувања биле повлечени. Според неа, ваквата неконзистентност во комуникацијата на надлежните дополнително ја влошува положбата на земјоделците, кои остануваат без јасна и предвидлива рамка за планирање на своето производство. Од СДСМ соопштија дека ја поддржуваат иницијативата на земјоделците и нивните барања, како и дека партијата поднела закон за финансиска поддршка со интервентни мерки за лозарите, производителите на пченица, црвена пиперка и ориз, како и за сточарите. „Земјоделството е производство, егзистенција и сигурност за илјадници семејства и земјоделците заслужу