СДСМ најавува блокада на просторниот план поради рудниците во Иловица, Казандол, Плавица, Луке и Кадиица
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Пратеничката група на СДСМ нема да го поддржи и ќе го блокира носењето на новиот просторен план, во којшто е предвидено отворање на нови рудници. Ова го соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека Македонија не е на продажба и дека земјата не може да се продава за нечии интереси и за сметка на здравјето на граѓаните. Филипче побара повлекување на планот, кој денеска за првпат на јавна дебата ќе се презентира во Струмица. Тој рече дека со проекциите на Министерството за животна средина и Агенцијата за просторно планирање во новиот план се предвидуваат локации за рудници во Иловица, Казандол и, како што вели тој, Плавица, Луке и Кадиица. „Се потврдува тоа што го зборуваме изминатиот период дека оваа Влада очигледно е неспособна да се справи со менаџирањето на земјата носејќи ја во економска и финансиска бездна. Сега не и останува ништо друго освен да ја распродава земјата. Сакам јасно и гласно да порачам Македонија не е на продажба. Не може да ја продаваат земјата која им припаѓа на сите граѓани за нивни и за туѓи финансиски интереси“, рече Филипче. Лидерот на СДСМ потенцира дека поради рудниците постои опасност за загадување на почвата и на севкупната животна средина, а со тоа ќе биде загрозено и здравјето на луѓето. Тој побара од Владата да го повлече овој план, потенцирајќи дека тие на секој начин, па дури и физички со жив штит ќе се борат против отворање на рудниците. Филипче рече дека за првпат Владата дала дозвола и за геолошки истражувања на Кожуф. Одговарајќи на новинарски прашања во врска со денешниот брифинг со медиумите на дел од членовите на СДСМ, тој рече дека стратегијата на власта е да ја „раситни“ опозицијата за потоа да може да владее. Филипче ги повика повторно овие членови на СДСМ да и се приклучат на партијата. Дека се „купени“, според него, е доказ тендерот што поранешниот генерален секретар Никола Ќуркчиев го добил од државна фирма. Тој се наврати и на ЗНАМ на Максим Димитриевски, за која реч