СДСМ на 11 Октомври: Антифашизмот е обврска, а не споменик
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Опозициската СДСМ го одбележа 11 Октомври, Денот на народното востание, со порака дека антифашизмот не е само историски спомен туку секојдневна обврска. Од партијата потсетија дека пред 85 години партизаните излегоа на теренот за слободна држава, за слобода и за достоинство на човекот, и тоа против фашизмот. „Пред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот“, велат од СДСМ, додавајќи дека тоа не било излегување за поделба, ниту за понижување на народот. Од партијата остро реагираа на речникот што, како што велат, не припаѓа на традицијата на Народноослободителната борба. „Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредностите на НОБ. Тој речник е од друга традиција“, порачаа од СДСМ. Според партијата, таа секогаш била на вистинската страна на историјата, а антифашизмот го дефинираат како обврска, а не како споменик. „Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор“, велат од СДСМ. Од партијата наведуваат неколку конкретни обврски што произлегуваат од таа традиција. Тие сметаат дека законот мора да важи за сите, а не само за оние што немаат кабинет, дека зборот мора да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак, како и дека државата треба да работи за себе, а не за интерес на друга земја. Во пораката се нагласува и европската перспектива на земјата. Од СДСМ велат дека иднината е во Европа, во подобар стандард, во плата од која се живее достоинствено и добро, во пензија што не се крои секој месец, во чиста и здрава вода, како и во млади што остануваат дома. Според партијата, младите не треба да остануваат затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина. Тие додаваат дека патриотизмот се мери со тоа како се живее денес и што им се остава на децата утре. Од СДСМ изразуваат очекување дека граѓаните нема да мораат да земаат бугарски пасоши, ниту да глумат патриоти заради личен