СДСМ: Молчењето на Мицкоски за Демерџиев е поради врските со Вучиќ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека избегнува директно да одговори на изјавите на бугарскиот министер Иван Демерџиев, кој македонските власти ги нарече „српски“, поради неговите наводни политички и деловни врски со српскиот претседател Александар Вучиќ. Од партијата ја осудија изјавата на Демерџиев, кој рече дека Бугарија нема да ја бара ниту да ја предаде Ива Михаилова на „српските власти“, наместо на македонските. СДСМ реагира и на изјавата на бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков, кој изрази сомневање дека македонските институции не знаеле за заминувањето на Михаилова од државата. Реакцијата следува откако Мицкоски, запрашан за изјавите на бугарските функционери, рече дека има што да одговори, но дека тие не заслужуваат внимание. Од СДСМ тврдат дека причината за ваквиот став се блиските односи на Мицкоски со Вучиќ и политичките, медиумските и деловните интереси што, според партијата, ги поврзуваат двете власти. Во соопштението се изнесуваат и обвиненија за наводно влијание на српските безбедносни структури, поврзаност со медиуми блиски до власта во Белград, како и за деловни интереси во енергетиката, банкарството и други сектори. СДСМ посебно ги споменува српската Алта банка и деловните активности поврзани со трговијата со електрична енергија, тврдејќи дека постојат интереси поради кои Мицкоски избегнува конфронтација со Белград. За овие обвинувања во доставеното соопштение не се приложени докази што би ги потврдиле наводните политички и деловни поврзаности. „ВМРО е инструмент, Мицкоски е изведувачот, а Вучиќ е диригентот“, наведуваат од СДСМ, оценувајќи дека молчењето на премиерот за изјавата на Демерџиев е поврзано со неговите односи со српските власти. Македонското Министерство за надворешни работи, пак, вчера официјално реагираше на изјавите на бугарските функционери, што дополнително ја разгоре политичката дебата околу случајот со Ива Михаилова и нејзиното заминување од државата.

СДСМ: Молчењето на Мицкоски за Демерџиев е поради врските со Вучиќ | FinPortal.mk

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека избегнува директно да одговори на изјавите на бугарскиот министер Иван Демерџиев, кој македонските власти ги на