СДСМ: Мицкоски ја менува приказната за дата-центарот — водата ја тргнаа, сметката за струја останува

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Опозициската СДСМ излезе со остра реакција на сметка на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот проект за дата-центар, оценувајќи го како нова манипулација со јавноста. Според партијата, до вчера дата-центрите биле претставувани како иднина без последици, а граѓаните биле уверувани дека единствениот проблем е водата. Сега, тврдат од СДСМ, раскажувањето е сменето — се зборува за затворен круг, воздушно ладење и фреон, а водата е тргната од соопштението. Од СДСМ потсетуваат дека физиката не е кампања. Серверите произведуваат топлина, а топлината мора да излезе. Ако не излезе преку вода што испарува, излегува преку вентилатори, клими и компресори. Токму тоа, велат од опозицијата, „јаде“ струја. Според нивните објаснувања, воздухот ја пренесува топлината лошо, поради што воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот, пак, е „голема клима“ — што значи пари на броило и бучава околу објектот. „Водата може да се тргне од приказната. Сметката не“, велат од СДСМ. Првата варијанта веќе била скапа струја за самиот центар, а сега, со „новата“ технологија што се продава како спас, ладењето станува уште „пожедно“ на киловати електрична енергија. Според партијата, водата е помалку загрозена, но граѓанинот е повеќе загрозен. Од СДСМ ја ставаат работата во поширок контекст на енергетската состојба во земјата. Како што велат, Македонија увезува струја, ЕСМ е во загуба, а земјата се задолжува секоја недела. Во такви услови, секој нов мегават наменет за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата. „Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата“, порачуваат од партијата. Опозицијата тврди и дека знае кој тргува со струја — Мицкоски и партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, кого го опишуваат како човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија. Нивниот омилен бизнис, според СДСМ, е у

СДСМ: Мицкоски ја менува приказната за дата-центарот — водата ја тргнаа, сметката за струја останува | FinPortal.mk

Опозициската СДСМ излезе со остра реакција на сметка на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот проект за дата-центар, оценувајќи го како нова манипулација со ј