СДСМ: Кривичната пријава против Јани Макрадули е политички прогон по нарачка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

СДСМ денеска оцени дека кривичната пријава против Јани Макрадули е по нарачка и претставува класичен политички прогон, обвинувајќи ја Финансиската полиција дека по налог на власта „штанца кривични пријави“ против неистомислениците и сите што ја критикуваат, додека, како што тврди, го штити криминалот на премиерот Христијан Мицкоски. Од партијата соопштија дека до институциите доставуваат пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на криминал, корупција и злоупотреби тешки 200 милиони евра, но дека никој не презема ништо. Според СДСМ, тие поднесуваат пријави и за загрозување на здравјето на граѓаните, а од Финансиската полиција, Обвинителството и судството, кои ги сметаат за под контрола на Мицкоски, настанува молк. „Само кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, се будат, поднесуваат кривични пријави по нарачки. Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина“, се наведува во соопштението на партијата. Од СДСМ потсетуваат дека нема одговор за кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар, како и за предметите за криминалните тендери од 200 милиони евра. Според нив, никој не одговара за Кочани, за 5 тони дрога преку граница, за пуштањето на Ива Михаилова, за нападот врз младите во Ново Село, како и за 5,5 милиони евра за еден диџеј. Никој не одговара, додаваат, ниту за тендерот во Пошта за знам од 1,2 милиони евра. Партијата наведува и дека кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно била отфрлена, но дека кога тој ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат. „Законите треба да важат за сите подеднакво. Но тоа не е така со арамијата Мицкоски и ВМРО и институциите под нивна контрола“, се вели во соопштението. Во врска со случајот со Јани Макрадули, од СДСМ прашуваат како е можно некој да добие кривична пријава затоа што не исплатил јавни средства за договори кои веќе биле истечени. Како клучно го истакнуваат отсуството на правен основ за исплата во конкретниот случај, односно

СДСМ: Кривичната пријава против Јани Макрадули е политички прогон по нарачка | FinPortal.mk

СДСМ денеска оцени дека кривичната пријава против Јани Макрадули е по нарачка и претставува класичен политички прогон, обвинувајќи ја Финансиската полиција дека