СДСМ и ЛДП бараат одговорност за случајот со Ива Михаилова: „Бегството е договорено под радар
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Опозициската СДСМ го обвини министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека договорил „бегство под радар“ за Ива Михаилова, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, а која побегнала од Македонија под нејасни околности и сега се наоѓа на лечење во Бугарија. Според партијата, сценариото било договорено додека Муцунски престојувал во Софија, а јавноста, како што велат, гледа дека едно се кажува пред граѓаните, а сосема друго се прави далеку од очите на јавноста. Од СДСМ потсетуваат дека на Михаилова судот ѝ ги одзел двата пасоша, но таа сепак ја поминала границата. Самата Михаилова тврди дека границата ја поминала легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле за нејзиното движење. Од друга страна, Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема евидентиран излез на Михаилова од државата. Оваа спротивност меѓу нејзината изјава и официјалните податоци на МВР е токму она што го поттикна гневот на опозицијата и барањето за целосна истрага. „Народот гледа дека се работи под маса и ‘под радар’. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија. Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша. Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата“, порачаа од главната опозициска партија. Според СДСМ, случајот со Михаилова е само уште една епизода во низата изрежирани бегства, по оние на Никола Груевски, на Артан Груби и на други обвинети за криминал. Партијата оценува дека тоа не зборува само за начинот како функционира политиката во државата, туку и за третманот на границата, која ја опишаа како „швајцарско сирење“. Според нив, ваквиот начин на работење овозможу