СДСМ го прашува Мицкоски: Од што точно си незадоволен кога Европа ја потврдува заштитата на идентитетот и јазикот?

FinPortal.mk · 4.10.2026 г.

Опозициската СДСМ упати остра реакција до премиерот Христијан Мицкоски по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје, прашувајќи го од што точно е незадоволен откако од Брисел повторно беше испратена порака дека Македонија во Европската Унија ќе влезе со својот идентитет и јазик. „И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?“, прашуваат од опозициската партија, соопштија партиските структури. Од СДСМ потсетуваат дека Мицкоски средбата со Фон дер Лајен ја оцени како клучна, но потоа изјави дека не е задоволен од пораките што ги добил во однос на уставните измени. „Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик. Тоа е истата реченица што Мицкоски ја продаваше како предавство“, велат од СДСМ во реакцијата. Од партијата го обвинуваат Мицкоски дека пред доаѓањето на власт имал поинаква реторика во однос на Преспанскиот договор и прашањето за името. „Никогаш Северна. Укинување на Преспанскиот договор. Враќање на името. Па Преспанскиот договор стана ремек-дело. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа. Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската комисија. А тој е незадоволен“, се наведува во реакцијата на СДСМ. СДСМ тврди дека незадоволството на премиерот не произлегува од прашањето за македонскиот идентитет, туку од тоа што условите за продолжување на евроинтегративниот процес остануваат на маса. „Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Не затоа што некој го чепка македонскиот идентитет“, велат од партијата во својата реакција. Во реакцијата се посочува дека за продолжување на европскиот пат остануваат уставните измени, реформите и прашањата поврзани со владеењето на правото и обвинителството. „Затоа што чекорот остана ист: Основи, реформи, обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. Мицкоски тоа не го сака. Затоа ‘разговараме, не преговараме’. Затоа вината пак ја

СДСМ го прашува Мицкоски: Од што точно си незадоволен кога Европа ја потврдува заштитата на идентитетот и јазикот? | FinPortal.mk

Опозициската СДСМ упати остра реакција до премиерот Христијан Мицкоски по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје, п