СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, но касата останува иста — отчетот е филм, предавството е факт
FinPortal.mk · 20.9.2026 г.
СДСМ излезе со остра реакција по настанот на коалицијата ЗНАМ, оценувајќи го како отчет за шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а не како настан посветен на љубовта кон татковината. Од партијата порачуваат дека функциите на ЗНАМ се менливи, но касата останува иста, дека отчетот е филм, а предавството е факт. Според соопштението на СДСМ, ЗНАМ излегол од кино со реченицата дека функциите доаѓаат и си одат, а Македонија останува, при што отчетот бил обврска, а не завршница. Од партијата потсетуваат дека пет пратеници што „знаат зошто се во Собранието“ биле дел од оваа приказна, а лидерот на ЗНАМ, Максим Минчев, зборувал за реформи, плати, инфраструктура и зголемување на пензиите. Од СДСМ тврдат дека тоа „зголемување“ е само кражба од пензионерите и дека самите си го ставиле во брошурата како резултат. „Ова не е настан за љубов кон татковината туку отчет за шефот Мицкоски. ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Влегоа во власта. Станаа сателити на ВМРО-ОКГ. Глас. Столче. Тендер. Пошта. Плац за Лидл. Фирма во Бугарија, па стана Максо и ‚странски инвеститор‘. Две години кражба. Две години народот го држат како заложник. Сега брошура и 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија“, се вели во соопштението. Од партијата бараат одговор на прашањата колку чини столчето и зошто патриотите имаат бугарски пасоши. Според СДСМ, постои и втора смена — ЗНАМ 2.0, која ја опишуваат како платформа на Мицкоски за „реформи“ во СДСМ, за која биле предвидени 1,6 милиони евра од буџетот, на грбот на народот. „Буџет за СДСМ да свири по негова плејлиста. За Гета дадоа 5,53 милиони евра. За делење на опозицијата — 1,6 милиони евра. Поевтино. Иста каса. Иста банда“, велат од СДСМ. Од партијата оценуваат дека првата верзија влегла во влада, а втората требало да биде во СДСМ, но не успеала. Затоа, како што велат, сега повторно се собираат „за иднината на Мицкоски“. „Отчетот не е завршница туку проба. Следниот чин нека