СДСМ: Фон дер Лајен го потврди македонскиот идентитет како добредојден во ЕУ, Мицкоски молчи за планот за деблокирање
FinPortal.mk · 3.10.2026 г.
Опозициската СДСМ побара од премиерот Христијан Мицкоски јавно да соопшти како Владата планира да го деблокира европскиот пат на Македонија, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при посетата на Скопје порача дека земјата припаѓа во Европската Унија со својот македонски идентитет и јазик. Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција оцени дека пораките на Фон дер Лајен го потврдиле она што СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, го говорат за европската интеграција. „Македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени со Преспанскиот договор, не се загрозени, туку се добредојдени во ЕУ. Сите лаги на Мицкоски се на виделина“, рече Кузеска на прес-конференцијата. Според неа, токму пораката на претседателката на Европската комисија пред камерите ја разобличила досегашната реторика на власта за наводно загрозен идентитет. Од СДСМ го обвинија Мицкоски дека пред доаѓањето на власт ветувал враќање на името, укинување на Преспанскиот договор, подобра преговарачка позиција и промена на Преговарачката рамка, а сега, според опозициската партија, неговите ставови се променети. „Нас нè обвинуваше за предавство, граѓаните ги лажеше за загрозен идентитет. Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата Мицкоски рече: ве чекаме со македонскиот идентитет и јазик“, рече Кузеска. Фон дер Лајен при посетата на Скопје порача дека Македонија припаѓа на масата на Европската Унија и дека ЕУ ја пречекува земјата со нејзиниот идентитет и јазик. Таа оцени и дека македонската култура и јазик можат да ја збогатат Унијата. Претседателката на Европската комисија истовремено порача дека Македонија треба да направи клучен чекор за да продолжи напред и дека фокусот во моментов е ставен на деблокирање на процесот. Таа најави дека откако ќе се надмине блокадата, ќе може да се разговара и за патоказ за Македонија. Од СДСМ тврдат дека токму ова покажува оти земјата во моментов нема патоказ за понатамошниот процес и