СДСМ бара повисока откупна цена за грозјето: Вранецот по 28, Смедеревката по 25 денари

FinPortal.mk · 13.9.2026 г.

СДСМ побара Владата итно да ја зголеми откупната цена на грозјето, при што предлага Вранецот да се откупува по 28 денари, а Смедеревката по 25 денари за килограм. Барањето го изнесе членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, која обвини дека лозарите се соочуваат со ниски откупни цени и непродадено грозје, а Владата не презема мерки за да им помогне. Според Цветаноски, грозјето скапува по лозјата, Вранецот не се откупува, а белото грозје се плаќа по 14 денари за килограм, иако трошоците за производство се значително зголемени. Таа побара зголемување на откупната цена, укинување на попустот за побрза исплата и интервентен откуп на непродаденото црно грозје. „Пет и пол милиони евра народни пари за криминални договори на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Лотарија, а нула денари за лозарите. Лозарите се пред пропаст, а Владата не прави ништо за да им помогне“, изјави Цветаноски. Таа истакна дека лозарите се во безизлезна состојба, оставени сами, без никаква поддршка. „Цела година работат, вложуваат, плаќаат работници, гориво, препарати и ѓубрива, а денес се принудени да ги откорнуваат лозјата и да гледаат како им скапува родот“, рече Цветаноски. Членката на Извршниот одбор на СДСМ го повика министерот за земјоделство да одговори што се случило со претходно најавената цена на грозјето од 20 денари за килограм. „Каде е сега производната или, како што ја претстави министерот за земјоделство, откупната цена на грозјето? Четиринаесет денари се далеку од 20 денари, како што министерот објави во јули годинава“, додаде таа. Цветаноски тврди дека власта не може да се претставува само како посредник бидејќи, како што рече, државата со закон учествува во формирањето на откупната цена. „За две години ВМРО-ДПМНЕ направи пустош во секоја гранка на земјоделството. Не им е важен лозарот, кој со својот труд ја одржува Тиквешијата и целиот лозарски крај и е заслужен за квалитетното македонско вино“, изјави Цветаноски. Од СДСМ бараат Владата веднаш да обезбеди откуп, да донесе инте

СДСМ бара повисока откупна цена за грозјето: Вранецот по 28, Смедеревката по 25 денари | FinPortal.mk

СДСМ побара Владата итно да ја зголеми откупната цена на грозјето, при што предлага Вранецот да се откупува по 28 денари, а Смедеревката по 25 денари за килогра