СДСМ бара оставка од Тошковски поради бегството на Ива Михаилова од земјата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Опозициската СДСМ повторно побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако стана јасно дека Ива Михаилова успеала да ја напушти земјата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел и македонскиот и бугарскиот пасош. Од партијата оценуваат дека границата под раководство на Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски функционира како решето, не само за дрога и бегалци од правда, туку и кога судот изречно забранува напуштање на државата. Според соопштението на СДСМ, случајот со Михаилова отвора низа прашања на кои институциите сè уште не дале одговор. Таа, како што се наведува, легално излегла од земјата со лична карта, а граничарите знаеле за тоа. Од друга страна, Министерството за внатрешни работи тврди дека нема евидентиран излез, додека бугарската гранична полиција вели дека нема евидентиран влез. „Како е можно тоа, кога судот ѝ ги одзеде двата документи, и македонскиот и бугарскиот пасош“, прашуваат од СДСМ. Од партијата потсетуваат дека повеќе пати досега барале смена на сегашниот министер за полиција. Како дополнителен аргумент наведуваат дека истиот човек го ослободил обезбедувањето на Мицкоски кое тепало жени, како и дека се пуштаат масовни убијци и дилери од полициска станица. Во контекст на случајот со пет тони дрога што поминале преку граница, од СДСМ велат дека до денес нема одговор како тоа било возможно. Во соопштението се споменува и случајот со нарко дилерот познат како Цуната, кој избегал од прозор од полициска станица во Кочани, а за кој од партијата тврдат дека е дел од истата банда. Тие го поврзуваат и свечениот дочек со црвен тепих и камери на граница за повратници, како и пуштањето од затвор и куќниот притвор, со она што го опишуваат како системски пропусти во работењето на полицијата. Од СДСМ го коментираа и однесувањето на министерот Тошковски, кој претходно изјавил дека има систем, веројатно „Пегазус“, и дека снима разговори на граѓани. Според партијата, постои и снимање на граѓани преку системот „Safe City“, кој бил пуштен без конт