СДСМ бара оставка од Тошковски: Како Ива Михаилова ја напуштила земјата со одземени два пасоша?

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Опозициската СДСМ побара оставка и одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со случајот со Ива Михаилова, која, како што велат од партијата, ја напуштила државата и покрај тоа што ѝ биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош. Од СДСМ бараат надлежните институции да утврдат како се случило Ива Михаилова да ја премине границата и да се утврди кој треба да сноси одговорност во врска со случајот. Од партијата поставуваат директно прашање: како Михаилова ја поминала границата кога ниту македонските граничари регистрирале излез од земјава, ниту бугарските граничари регистрирале влез во Бугарија. „Таа вели легално, со лична карта, граничарите знаеле. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската гранична полиција вели нема евидентиран влез. Како?“, велат од СДСМ. Од опозицијата сметаат дека границата не е решето само за дрога и за бегалци од правда, туку, како што велат, со Мицкоски, Тошковски и ВМРО границата е решето и кога судот ќе забрани. „Како излегла Михаилова од земјата ако ѝ се одземени двата пасоши? И бугарскиот и македонскиот? Панче само да не каже дека правел хиперхлорирање, па не можел да се занимава со пограничната работа на полицијата, што е во неговиот сектор“, коментираат од СДСМ. Од Јавното обвинителство информираа дека двата пасоша на Ива Михаилова, и македонскиот и бугарскиот, ѝ биле одземени уште во октомври минатата година, кога учествувала во сообраќајната несреќа со смртни последици, за која ѝ се суди во Кочани. Оттогаш, Обвинителството во повеќе наврати дало негативно мислење за враќањето на пасошите поради ризикот од бегство. Случајот отвора сериозни прашања за функционирањето на граничната контрола и за одговорноста на институциите кога станува збор за лица против кои се води судска постапка. Доколку Обвинителството оценило дека постои ризик од бегство и затоа не ги вратило пасошите, тогаш нејасно е како истото лице успеало да ја напушти територијата на државата без евидентиран излез, што дополнително ја засилува

СДСМ бара оставка од Тошковски: Како Ива Михаилова ја напуштила земјата со одземени два пасоша? | FinPortal.mk

Опозициската СДСМ побара оставка и одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со случајот со Ива Михаилова, која, како што велат од