СДСМ бара оставка од гувернерот Славески: „Банкоматите се празни, експозитурите затворени

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Опозициската СДСМ денеска излезе меѓу граѓаните во Битола, обвинувајќи дека по случувањата со Алта банка АД Битола дел од штедачите и пензионерите се соочуваат со сериозни проблеми при пристапот до своите пари. Од партијата тврдат дека експозитурите се затворени, дел од банкоматите се празни, а граѓаните кои немаат платежни картички не можат да ги подигнат средствата, пренесуваат од партиското соопштение. „Денеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка“, соопштија од СДСМ. Според партијата, граѓаните се загрижени за своите заштеди и финансиската сигурност, особено пензионерите на кои пензијата им е единствен извор на приходи. Од СДСМ во реакцијата наведуваат дека пензионерите се соочуваат со секојдневни трошоци за сметки, струја, греење, храна и лекови, а остануваат без пристап до пензиите. „Експозитурите се затворени, банкоматите се празни, нема картички“, наведуваат од партијата, додавајќи дека ограничувањето на одливот на средства до 10.000 денари неделно дополнително ја отежнува состојбата, бидејќи дел од граѓаните, според нив, немаат практична можност да го искористат ниту дозволениот износ. „Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови“, тврдат од СДСМ. Опозициската партија упати сериозни обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, тврдејќи дека институциите не ги заштитиле интересите на граѓаните. „Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал“, се наведува во партиската реакција. Од СДСМ повторија дека пред 11 месеци предупредувале за ризиците поврзани со влегувањето на српскиот капитал во македонскиот банкарски сектор. Тие тврдат дека актуелната состојба е последица на одлуки за кои мора да се утврди политичка и инст

СДСМ бара оставка од гувернерот Славески: „Банкоматите се празни, експозитурите затворени | FinPortal.mk

Опозициската СДСМ денеска излезе меѓу граѓаните во Битола, обвинувајќи дека по случувањата со Алта банка АД Битола дел од штедачите и пензионерите се соочуваат