СДСМ бара истрага во Алта банка и одговорност од Мицкоски и Славески
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Опозициската СДСМ побара од Народната банка веднаш да упати контрола во Алта банка АД Битола и да ги суспендира гласачките права на сопственикот, откако на матичната банка во Србија ѝ беше одземена дозволата за работа. Од партијата оценуваат дека премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот на Народната банка лично одговараат пред граѓаните затоа што, како што тврдат, ја донеле банката на српскиот претседател Александар Вучиќ во Македонија и го одобриле нејзиниот влез и покрај јавните предупредувања за контроверзната природа на групацијата и за нејзините политички врски. Според соопштението на СДСМ, Алта банка од сигурна банка за два дена останала без дозвола за работа, а партијата ја опишува како „банка за перење пари стекнати со криминал“. Од партијата наведуваат што се случувало во Србија со одземањето на дозволата за работа на матичната банка. Според податоците на Народната банка на Србија, на 30 јуни 2026 година граѓаните, стопанството и другите клиенти во банката имале депонирано 172 милијарди динари, односно околу 1,47 милијарди евра. Повлекувањето пари започнало уште во вторник, а за еден ден блокадата достигнала милијарда динари. Од СДСМ тврдат дека сопственикот Давор Мацура, според објавените информации, подигнал 37 милиони евра во кеш од трезорот со дозвола на гувернерката и дека недостигаат околу 20 отсто од депозитите. Според нивните наводи, во петокот ноќта во 2 часот дошло до судир на гувернерката и сите вицегувернери кои го напуштиле состанокот, а во банката влегол Еуроџаст. Од партијата додаваат дека во Србија јавни претпријатија како ЕПС, Телеком Србија, „Србијагас“, „Ер Србија“ и многу други, како и пари на општини и државни институции, биле префрлани во Алта банка по налог на Вучиќ. Според СДСМ, истиот модел Мицкоски го наметнал во Македонија, така што јавни претпријатија, министерства и компании што учествувале во криминални тендери имаат налог да работат со Алта. Од партијата наведуваат дека Битола како град е во голема мера врзана за банката и де