Саудиска Арабија, Естонија и САД на врвот на светската дигитална листа за 2026 година

FinPortal.mk · 5.10.2026 г.

Дигиталната поврзаност веќе одамна прерасна во основна инфраструктура врз која почиваат економијата, образованието и јавните услуги, но нејзиниот квалитет и достапност и понатаму значително се разликуваат од земја до земја. Тоа го потврдува најновиот Индекс за развој на информатичко-комуникациските технологии (IDI) на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU), според кој највисоки резултати меѓу 159-те економии опфатени со истражувањето постигнуваат државите со високо развиена телекомуникациска инфраструктура и широка достапност на дигитални услуги. Извештајот е објавен во јуни 2026 година, а показателите главно се засноваат на податоци од 2024 година. Индексот го мери напредокот кон „универзална и значајна поврзаност“ преку десет показатели поделени во два столба — универзална поврзаност и значајна поврзаност. Притоа, IDI не ја мери само достапноста на интернет, туку и покриеноста на мрежата, користењето, потрошувачката на податоци и ценовната достапност на услугите. Токму ваквиот сеопфатен пристап овозможува да се види која земја навистина успеала да изгради дигитално општество, а која сè уште се бори со основните предуслови. Посебно се издвојуваат земјите од Персискиот Залив, кои доминираат на самиот врв на ранг-листата. Пет од десетте најдобри резултати им припаѓаат на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар и Бахреин. Саудиска Арабија притоа постигна максимални 100 поени за универзална поврзаност и 99,6 поени за значајна поврзаност, што ја сместува меѓу апсолутните лидери во светот кога е во прашање дигиталната инфраструктура. Европа исто така е силно застапена на врвот на ранг-листата. Естонија е највисоко рангираната европска економија со 98,5 поени, а веднаш по неа следи Финска со 98,4 поени. Овие две земји веќе со години важат за пример за успешна дигитализација на јавните услуги, а најновите бројки на ITU само ја потврдуваат таа нивна позиција. Соединетите Американски Држави го делат деветтото место со 97,9 поени и имаат највисок ре

Саудиска Арабија, Естонија и САД на врвот на светската дигитална листа за 2026 година | FinPortal.mk

Дигиталната поврзаност веќе одамна прерасна во основна инфраструктура врз која почиваат економијата, образованието и јавните услуги, но нејзиниот квалитет и дос