Сали во Виена: Проширувањето на ЕУ мора да донесе видливи придобивки за граѓаните уште пред членството
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Конференцијата за Западен Балкан во Виена, на покана на австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Бауер. На конференцијата, каде што се разговараше за иднината на Западен Балкан, министерот Сали порача дека процесот на проширување на Европската Унија треба да носи видливи придобивки за граѓаните уште пред самото членство, а не само по формалното влегување во Унијата. Во своите обраќања и дискусии, Сали посебен акцент стави на младите луѓе и на нивната потреба од повеќе можности. Тој истакна дека за младите европската иднина треба да значи реални можности да учат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во својата земја. Според него, токму образованието, стручната обука, практикантството, истражувањето и размената со европските партнери се клучните алатки што треба да им бидат достапни на младите генерации во регионот. Говорејќи за постепената интеграција на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија, министерот Сали ги посочи олеснувањето на трговијата преку Зелените коридори, учеството во СЕПА, како и дигиталната соработка, како конкретни примери за придобивките што приближувањето кон Унијата може да им ги донесе на граѓаните и на компаниите. Тој нагласи дека поширокото учество во програмите, политиките и единствениот пазар на Европската Унија треба да се заснова на јасни критериуми, спроведени реформи и почитување на владеењето на правото. Министерот Сали во Виена истакна дека Северна Македонија останува целосно посветена на реформите и на членството во Европската Унија. Воедно, тој упати повик процесот на проширување да остане праведен и предвидлив, а постигнатиот напредок на земјите кандидати да се оценува според објективни европски критериуми. Според него, само таков пристап може да ја задржи довербата на граѓаните во европскиот пат и да обезбеди дека напорите на секоја земја кандидат ќе бидат правично вреднувани. На крајот од сво