Сали во Даблин: Охридскиот договор да стане секојдневно искуство за сите граѓани

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, одржа говор во Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA) во Даблин, посветен на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање тој го истакна историското значење на договорот за завршувањето на конфликтот во 2001 година и за поставувањето на темелите за поинклузивно општество, засновано врз дијалог, еднаквост и меѓусебна почит. Сали нагласи дека Охридскиот договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како трајна обврска за градење институции што им служат подеднакво на сите граѓани. „Наследството на Охридскиот договор ќе биде најсилно кога еднаквото граѓанство ќе стане вообичаено искуство во секојдневниот живот“, беше една од централните пораки на министерот. Осврнувајќи се на искуството на Ирска со Договорот од Велики петок од 1998 година, министерот го истакна значењето на политичкиот компромис, помирувањето и континуираниот дијалог за одржлив мир. Тој посочи дека, и покрај историските и уставните разлики, двата договора ја потврдуваат потребата од доверливи институции и заедничка одговорност. Во говорот Сали ја нагласи потребата од ефективно остварување на правата, правична застапеност на заедниците, професионална администрација, функционална децентрализација и еднакви можности за младите. Овие елементи тој ги претстави како практични услови за тоа наследството на Охридскиот договор да не остане само на хартија, туку да се одрази во секојдневниот живот на граѓаните. Посебно внимание во обраќањето беше посветено на европската перспектива на Северна Македонија. Министерот истакна дека владеењето на правото, заштитата од дискриминација, отчетните институции и почитувањето на различностите се истовремено принципи на Охридскиот договор и темелни вредности на европската интеграција. Според него, кредибилен процес на пристапување кон Европската Унија е важен за реформите, стабилноста и довербата на граѓаните во европската иднина на земјата. Н

Сали во Даблин: Охридскиот договор да стане секојдневно искуство за сите граѓани | FinPortal.mk

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, одржа говор во Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA) во Даблин,