Рударството може да го врати растот на индустријата, смета иницијативата „И Здравје И Работа

FinPortal.mk · 3.10.2026 г.

Падот на индустриското производство, а особено на активноста во секторот рударство, повторно го отвора прашањето за искористувањето на економскиот потенцијал на домашните природни ресурси. Според последните податоци на Државниот завод за статистика за август 2026 година, индустриското производство бележи пад од 1,9 проценти на годишно ниво, додека во секторот рударство и вадење камен е регистриран пад од 10,1 процент. Овие показатели ја нагласуваат потребата од поширока дискусија за можностите за развој на индустријата, привлекување нови инвестиции и создавање услови за активирање на економските потенцијали на државата. Иницијативата „И Здравје и Работа“ смета дека рударството може да има значајна улога во овој процес и да биде еден од двигателите на индустриското производство и економскиот раст, доколку се создадат услови за реализација на одговорни и одржливи рударски проекти. Од иницијативата посочуваат дека рударството не треба да се гледа единствено како ископување минерални суровини, туку и како можност за развој на цел синџир економски активности – од инвестиции и нови работни места до ангажирање на домашни компании, развој на инфраструктурата и зголемување на приходите во локалните заедници. Според нивните оценки, одблокирањето на рударските проекти, со почитување на законските процедури и високите стандарди за заштита на животната средина, може да придонесе за посилна индустриска активност и нови економски можности. Проектите како Иловица-Штука имаат потенцијал да придонесат за економски развој преку инвестиции, отворање директни и индиректни работни места и создавање дополнителна побарувачка за услуги и производи од домашните компании. Нивната реализација би можела да поттикне развој на локалното стопанство и да создаде можности за младите и квалификуваните кадри. Од иницијативата нагласуваат дека развојот на рударството и заштитата на здравјето на луѓето и животната средина треба да се разгледуваат заедно. Тоа подразбира доследна примена на законите, соод

Рударството може да го врати растот на индустријата, смета иницијативата „И Здравје И Работа | FinPortal.mk

Падот на индустриското производство, а особено на активноста во секторот рударство, повторно го отвора прашањето за искористувањето на економскиот потенцијал на