РСБСП: Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) пред почетокот на зимската сезона упати апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена внимателност, одговорност и целосна подготвеност, бидејќи управувањето со моторно возило во зимски услови носи значително поголем ризик. Од Советот потсетуваат дека намалената видливост, влажните коловози, снегот и голомразицата го зголемуваат ризикот од сообраќајни незгоди и ја наметнуваат потребата од повисоко ниво на сообраќајна дисциплина и превентивно однесување. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од 15 ноември до 15 март задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата. Според Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми, зимската опрема опфаќа зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри, или доколку возилото има летни пневматици со истата минимална длабочина на шарата, тогаш мора да поседува синџири за снег што одговараат на големината на погонските тркала. За возилата со погон на сите тркала (4×4), зимската опрема подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри, или летни пневматици со минимална длабочина од 4 милиметри доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога има постојан погон на сите тркала, односно синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклоплив погон. Кај моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми, односно ТТВ, како зимска опрема се сметаат зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од 6 милиметри, или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 милиметри, доколку возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или

РСБСП: Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата | FinPortal.mk

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) пред почетокот на зимската сезона упати апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена в