Роналдо го доби признанието за најдобро издание на „Златната топка“ во историјата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо доби уште едно големо признание, откако читателите на францускиот магазин „Франс фудбал“ го избраа неговото издание од 2008 година за најдобро во историјата на „Златната топка“. Станува збор за новата награда BOAT (Ballon d’Or of All Time), со која се избира најдоброто издание на еден фудбалер во годината кога го освоил најпрестижното индивидуално признание во светскиот фудбал. Наместо да се гласа за најдобриот играч на сите времиња, изборот се однесува на конкретна сезона или календарска година од кариерата на секој номиниран. Роналдо го доби признанието благодарение на извонредната 2008 година, кога блескаше во дресот на Манчестер Јунајтед. Португалецот беше еден од клучните играчи во освојувањето на англиската титула и Лигата на шампионите, а неговите настапи му ја донесоа првата „Златна топка“ во кариерата. На листата неговото издание од 2008 година го надмина она на Лионел Меси од 2012 година, кога аргентинскиот ас постигна неверојатни 91 гол во календарската година. Изборот уште еднаш ја потврди доминацијата на двајцата фудбалери во модерната ера, чие долгогодишно ривалство остави длабока трага во историјата на спортот. Меѓу номинираните за ова признание се најдоа и легендарни имиња како Роналдо Назарио, Марко ван Бастен, Мишел Платини, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер и Алфредо ди Стефано. Во изборот биле вклучени фудбалери кои најмалку двапати ја освоиле „Златната топка“, а гласачите избирале конкретно издание од нивните победнички години. Сепак, начинот на гласање предизвика внимание и поради финансискиот аспект. Учеството чинело едно евро по глас, а гласачите добиле можност да учествуваат и во извлекување за две влезници за церемонијата на доделување на „Златната топка“ во 2027 година. Според информациите на француските медиуми, 5.009 лица гласале повеќепати. Од нив, 44 гласачи го дале својот глас меѓу 10 и 26 пати, 300 лица гласале од пет до девет пати, додека 4.665 учесници гласале меѓу два и четири пати. За Роналдо