Родри ја објасни одлуката да го одбие Реал Мадрид: Спортски причини, а не „Златната топка
FinPortal.mk · 15.9.2026 г.
Шпанскиот фудбалер Родри, еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, ја откри вистинската причина поради која го одбил Реал Мадрид и се преселил во Барселона. Како што изјавил за шпанските медиуми, неговата одлука не била мотивирана од финансиски услови, ниту пак била поврзана со контроверзијата околу доделувањето на „Златната топка“ во 2024 година, кога мадридскиот клуб ја бојкотираше церемонијата. Родри нагласи дека изборот го направил исклучиво од спортски причини, воден од она што го привлекува повеќе и каде што чувствува дека може најмногу да победува и да напредува како играч. Според информациите објавени во шпанските медиуми, Реал Мадрид постигнал договор со освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство во 2026 година. Сепак, и покрај договорот, Родри ја сменил одлуката веднаш откако станал светски шампион со репрезентацијата на Шпанија, му кажал „Не“ на Реал Мадрид и се преселил во Барселона. Во изјавата за „Мундо Депортива“, играчот од средниот ред потврдил дека финансискиот пакет не влијаел на неговата одлука, туку дека стилот на игра на Барселона му одговара повеќе и дека со овој тим може да направи поголем исчекор во кариерата. Родри ги негираше и тврдењата дека неговата одлука била под влијание на ставот на мадридскиот клуб кон доделувањето на „Златната топка“ во 2024 година, кога тој беше во трка со Виниус Жуниор. „Не е вистина дека го одбив Реал Мадрид затоа што ја бојкотираа наградата ‚Златна топка‘. Тоа не ме погоди во тој момент. Тоа беше мој посебен ден. Нема смисла да се зборува за луѓе кои не беа на церемонијата. Тоа беше прекрасен момент за мене и моето семејство“, изјави Родри за „Мундо Депортиво“. Иако го избра најголемиот ривал на Реал, Родри зборува за мадридскиот клуб со голема почит. „Не беше лесно да му кажам ‚не‘ на Реал Мадрид, особено затоа што се однесуваа навистина добро кон мене. Ја донесов одлуката од спортски причини — се водев од она што ме привлекува повеќе и каде што чувству