Родителски фронт бара повлекување на прирачникот за сексуално образование и оставка на Весна Јаневска

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Родителски фронт ја отвори дилемата каде завршува информирањето, а каде почнува нормализирањето на педофилијата и перверзноста, во најновата реакција посветена на содржините во прирачникот за сексуално образование. Организацијата реагира конкретно на делот во кој се зборува за ХИВ, сексуално преносливи инфекции и за формулацијата „момчиња кои имаат секс со мажи“, оценувајќи дека во наставниот материјал не е доволно јасно повлечена границата меѓу сексуалното однесување на возрасни лица и сексуалното искористување на деца. Од Родителски фронт нагласуваат дека не ја оспоруваат потребата децата да добиваат точни информации за ХИВ и заштитата од сексуално преносливи инфекции. Сепак, според нив, во конкретниот прирачник наменет за наставници останува нејасно како на 13-годишни деца им се претставуваат сексуалните односи, здравствените ризици и заштитата од сексуална злоупотреба. Во реакцијата тие поставуваат низа прашања до авторите на прирачникот и до надлежните институции, меѓу кои и што точно треба да разбере 13-годишно дете од употребата на терминот „момчиња кои имаат секс со мажи“. Родителски фронт бара одговор и на прашањето дали наставната програма доволно јасно го обработува сексуалното искористување на малолетници и грумингот, како и дали заштитата од ХИВ е претставена одвоено од заштитата на децата од сексуална злоупотреба. Според организацијата, клучно е да се утврди дали ваквиот пристап може да создаде простор за погрешно разбирање на границите меѓу сексуалноста, согласноста и сексуалната злоупотреба. Во поглавјето „ХИВ и живот со ХИВ“, како што се наведува во реакцијата, авторите на прирачникот пишуваат: „Мажите/момчињата кои имаат секс со мажи, како и другите геј-момчиња, се поранливи на инфекција со ХИВ поради фактот што аналниот сексуален однос се смета за поризичен сексуален контакт за пренесување на ХИВ, но и поради постоечката стигма и дискриминација кон нив, која им го отежнува пристапот до информации и услуги за превенција од ХИВ.“ Токму овој дел е во

Родителски фронт бара повлекување на прирачникот за сексуално образование и оставка на Весна Јаневска | FinPortal.mk

Родителски фронт ја отвори дилемата каде завршува информирањето, а каде почнува нормализирањето на педофилијата и перверзноста, во најновата реакција посветена