Родителите на загинатите во „Пулс“: Вештакот на одбраната со небулозни аргументи се обидува да го оправда неодбранливото
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
По денешното рочиште од судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, родителите на загинатите млади лица изразија остар револт и незадоволство од излагањето на вештакот ангажиран од одбраната, оценувајќи дека судницата наместо место за вистина, станува простор за конструкција на неодбранливи тези. Според реакциите на семејствата на жртвите, она што го слушнале од вештакот на одбраната предизвикало сериозни сомнежи за целта на вештачењето. „Од тоа што го слушаме од вештакот на одбраната, човек навистина мора да се запраша што точно треба да покаже едно вештачење – стручност и факти или начин како да се оправда неодбранливото?“, порачаа револтираните родители по завршувањето на рочиштето. Тие истакнаа дека со слушањето на споредбите и различните толкувања од страна на вештакот, повеќе се создаваат дилеми отколку што се даваат јасни и конкретни одговори, што за нив е апсолутно неприфатливо. „Кога се зборува за трагедија во која изгубивме 63 млади животи, очекуваме конкретни и јасни одговори, а не конструкции и дополнителни толкувања со кои се замаглува суштината. Кое прашање е поставено, кој факт се разјаснува и каде е доказот што го потврдува кажаното? Токму тоа сакаме да го слушнеме во оваа судница“, порачуваат семејствата на жртвите. Родителите додадоа дека, иако одбраната има законско право да ја гради својата теза, тоа не смее да се прави преку омаловажување на фактичката состојба и манипулација со доказите. „Одбраната има право да ја гради својата стратегија, но не може со споредби и небулозни аргументи да ја промени вистината која мора непречено да произлезе од материјалните докази“, заклучуваат родителите. Семејствата на загинатите очекуваат судскиот процес да продолжи со фокус на фактите и материјалните докази, без дополнителни конструкции и толкувања што, според нив, ја замаглуваат суштината на трагедијата во која згаснаа 63 млади животи. Тие остануваат при своето барање во судницата да се слушнат јасни одговори на конкретно поставените пра