Родителите на загинатите во „Пулс“ пред судот во Кочани: Сакаме интензивно судење, а не правда на улица
FinPortal.mk · 3.10.2026 г.
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа јубилејниот 50. „Марш за ангелите“, кој овој пат заврши пред Основниот суд во Кочани, каде што семејствата на жртвите јавно ги изнесоа своите барања за ефикасно судење и целосно расчистување на сите околности поврзани со трагедијата од 16 март минатата година. Маршот, кој родителите вообичаено го започнуваат од „Паркот на Револуцијата“, денеска помина покрај неколку попатни станици. Учесниците најпрво застанаа кај Трговскиот центар, потоа пред зградата на Управата за јавни приходи и пред Полициската станица, за на крајот да пристигнат пред Основниот суд во Кочани. На платото во Трговскиот центар и пред судот беа упатени барања за ефикасно судење и за целосно расчистување на сите прашања поврзани со трагедијата. Александар Наунов, татко на починатата Надица и претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, порача дека родителите не бараат пресуда донесена на улица, туку редовно закажување и одржување на рочиштата, како и јавно и јасно образложување на секое нивно одлагање. Тој децидно истакна дека родителите и семејствата бараат интензивно судење со над десет рочишта месечно. Наунов додаде дека загубата на нивните деца не може да се надомести, но оти очекуваат вистината и правдата да бидат утврдени. „Нашите деца, насилно одземени од нас, нема да се вратат, но вистината и правдата не смеат да изостанат“, порача тој пред собраните родители и граѓани. Пред Основниот суд и пред Обвинителството се обрати и Розета Блажева, сестра на починатиот Јорданчо Џамов. Таа побара информации за повеќе постапки и сомнежи за можни кривични дела поврзани со трагедијата од 16 март минатата година. Блажева посочи на сомнежи за даночно затајување, неправилности поврзани со издавањето на лиценцата, како и можни кривични дела поврзани со фалсификување исправа, давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание. Таа се осврна и на предистражните постапки поврзани со Управата за јавни прих