Родителите на загинатите во „Пулс“ бараат интензивно судење со повеќе од десет рочишта месечно

FinPortal.mk · 4.10.2026 г.

Родителите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска повторно излегоа на улица, на јубилејниот 50. „Марш за ангелите“, со јасно барање до институциите за ефикасно судење и целосно расчистување на сите околности поврзани со трагедијата. Маршот, кој вообичаено започнува од „Паркот на Револуцијата“, овој пат заврши пред Основниот суд во Кочани, а попатни станици имаше кај Трговскиот центар, пред зградата на Управата за јавни приходи и пред Полициската станица. На платото кај Трговскиот центар и пред Основниот суд во Кочани беа упатени барања за ефикасно судење и за целосно расчистување на сите прашања поврзани со трагедијата. Александар Наунов, татко на починатата Надица и претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, порача дека родителите не бараат пресуда донесена на улица, туку редовно закажување и одржување на рочиштата, како и јавно и јасно образложување на секое нивно одлагање. „Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно“, децидно истакна Наунов пред присутните. Тој додаде дека загубата на нивните деца не може да се надомести, но оти очекуваат вистината и правдата да бидат утврдени. „Нашите деца, насилно одземени од нас, нема да се вратат, но вистината и правдата не смеат да изостанат“, порача Наунов. Пред Основниот суд и пред Обвинителството се обрати и Розета Блажева, сестра на починатиот Јорданчо Џамов. Таа побара информации за повеќе постапки и сомнежи за можни кривични дела поврзани со трагедијата од 16 март минатата година. Блажева посочи на сомнежи за даночно затајување, неправилности поврзани со издавањето на лиценцата, како и можни кривични дела поврзани со фалсификување исправа, давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание. Таа се осврна и на предистражните постапки поврзани со Управата за јавни приходи и со Државниот инспекторат за труд. Од Обвинителството побара јавно да појасни кои постапки се водат, против кого се водат, за кои кривични дела и до каде е нивнат

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараат интензивно судење со повеќе од десет рочишта месечно | FinPortal.mk

Родителите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска повторно излегоа на улица, на јубилејниот 50. „Марш за ангелите“, со јасно барање