Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“: Со сведоци и вештаци не се менуваат фактите за дозволите

FinPortal.mk · 1.10.2026 г.

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласија во пресрет на продолжувањето на судскиот процес, откако од 1 октомври одбраната треба да започне со изведување на своите сведоци и вештаци. Во реакцијата што ја упатија, тие поставуваат повеќе прашања поврзани со законското функционирање на објектот и со одговорноста на институциите пред трагедијата. Според нивното соопштение, јавноста заслужува одговор на клучните прашања: кој од обвинетите ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови. Родителите прашуваат и кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека, како и кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и на институциите што, како што велат, го завија Кочани во црно. Во реакцијата тие се осврнуваат и на обвинетите поврзани со обезбедувањето на дискотеката, нагласувајќи дека, според нив, предмет на постапката не е само нивното однесување откако избувнал пожарот, туку и исполнувањето на обврските пред трагедијата. „Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале. Тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата — кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно“, велат родителите. Тие оценуваат дека сведочењата и вештачењата на одбраната не можат да ги променат фактичките прашања поврзани со дозволите и условите за работа на објектот. „Нека носат сведоци и нека одолжуваат. Но со сведочење нема да направат пренамена, со вештачење нема да создадат паркинг, а со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да ја претворат во дозвола за дискотека“, се вели во реакцијата на родителите. Според нивното гледиште, одбраната се обидува да го брани неодбранливото, а тие порачуваат дека очекуваат целосно утврдување на одговорноста за трагедијата. „Правдата можат да ја одолжуваат. Вистина

Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“: Со сведоци и вештаци не се менуваат фактите за дозволите | FinPortal.mk

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласија во пресрет на продолжувањето на судскиот процес, откако од 1 октомври одбраната