Робертсон со емотивна порака по 100-тиот настап за Шкотска: Сопругата заслужува најголема благодарност
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Шкотскиот капитен Енди Робертсон го оствари јубилејниот 100-ти настап во репрезентативниот дрес на Шкотска на натпреварот против Македонија во Скопје, кој неговата селекција го доби со резултат 0:2. Левиот бек, кој од оваа сезона настапува за Тотенхем, а претходно со години беше член на Ливерпул, влезе во „клубот 100“ во кој сега се наоѓаат само двајца играчи. Пред почетокот на средбата, Робертсон доби и посебен подарок од македонскиот репрезентативец Енис Барди, како признание за неговиот јубилеј. По натпреварот, Робертсон не го криеше задоволството од достигнувањето, но истовремено потсети на жртвите што ги направило неговото семејство за да стигне до овој момент. „Ова достигнување ми значи се, ми значи се на мене, но и на моето семејство кое направи големи жртви да стигнам до тука. Безброј пати сум бил отсутен и навистина треба да се сочувствува со сопругата која се справува со децата дома“, изјави Робертсон со насмевка. Шкотскиот капитен се осврна и на својот репрезентативен пат, потсетувајќи се на првиот настап против Полска под водство на тогашниот селектор Гордон Стракан. „Ова е неверојатно патување за сите нас, се сеќавам на мојот прв натпревар против Полска под водство на Гордон Стракан, а оттогаш се се одвиваше со еден континуиран процес. Секогаш се трудам да бидам тука, да бидам присутен и да стојам на располагање. Имав голема среќа што можев да го облечам репрезентативниот дрес дури 100 пати“, додаде тој. Робертсон ја истакна и својата цел да го надмине славниот Кени Далглиш, кој во моментов е фудбалерот со најмногу настапи во историјата на Шкотска со 102 натпревари. Доколку одигра уште три натпревари во периодот што следи, левиот бек ќе го надмине Далглиш и ќе стане рекордер по број на настапи за националниот тим. „Се надевам дека ќе останам здрав и дека ќе успеам да го стигнам Далглиш. Планот е да продолжам да играм за репрезентацијата, сакам да го носам дресот кој го носам со години. Би ми значело да го достигнам големиот Кени, па дури и да го надмина