Роберто Карлос останал без речиси целата заработка: „Изгубив 99 проценти од она што го заработив
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос откри дека по завршувањето на играчката кариера останал практично без пари на сметката, откако загубил 99 проценти од целата заработка што ја стекнал во текот на својата исклучително успешна кариера. Поранешниот лев бек на Реал Мадрид ова го раскажа на панел-дискусија, каде отворено проговори за финансиските последици од лошите одлуки што ги носел по завршувањето на активното играње. „Сè што заработив како играч ме остави практично без нула на сметката. Мислев дека ќе станам тренер бидејќи работев со некои од најдобрите тренери во светот. Сакав да почнам во мал клуб, а потоа станав спортски директор и фитнес тренер. Имав проблеми со менаџерите и семејството. Изгубив сè што имав. Изгубив 99 проценти од мојата заработка. Но, успеав да си го вратам животот во првобитната состојба“, изјави Роберто Карлос. Неговата исповед открива колку брзо може да се стопат богатствата собрани во врвот на фудбалската кариера, дури и за играч чие име е синоним за успех на најголемата сцена. Роберто Карлос важи за еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, а неговиот пат кон врвот започна во бразилскиот Палмеирас, од каде премина во Интер, пред да блесне во дресот на Реал Мадрид, каде што помина 11 години. Со кралскиот клуб освои три титули во Лигата на шампионите, а остана запаметен по својата извонредна брзина, моќен шут и голови од слободни удари. За репрезентацијата на Бразил настапи повеќе од 120 пати, го освои Светското првенство во 2002 година, а учествуваше и на Светските првенства во 1998 година, кога стигна до финалето, и во 2006 година. По завршувањето на играчката кариера, Роберто Карлос се обиде да се етаблира како тренер, водејќи ги турските клубови Сиваспор и Акхисарспор, како и индискиот Делхи Дајнамос, каде што истовремено беше и играч и тренер. Подоцна работеше на различни улоги во Реал Мадрид, вклучувајќи амбасадорски и менаџерски функции. Иако признава дека загубил речиси сè, Роберто Карлос нагласува дека у