Ристовски: Без темели во спортот не може да се бараат резултати — над 40 игралишта и шест базени во две години
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерот за спорт Борко Ристовски во опширен разговор за ЕКИПА.мк најави рестарт и темелни реформи во македонскиот спорт, со цел да се обезбеди сигурна спортска иднина. Тој се осврна на досега сработеното, најави подобри денови на финансиски план и одговори на критиките што пристигнаа на негова адреса во изминатите денови. Како централен акцент во неговото обраќање се наметна инфраструктурата, која според него е основа без која спортот не може да даде резултати. „Во изминатите две години се направи доста за спортската инфраструктура бидејќи наш став е дека без основа во спортот не може да се бараат резултати“, изјави Ристовски. Тој потсети дека се завршени шесте базени што беа почнати, реконструирана е спортската сала „Расадник“ што ја оцени како ремек-дело, а реконструирани се и салите во Радовиш и Ново Село. Според министерот, направени или реконструирани се над 40 мултифункционални игралишта, а не е заборавена ниту спортската сала во УКИМ, која, како што рече, била запоставена неколку години и сега е во фаза на реконструкција. Ристовски најави и сериозен зафат на реконструкција на салата во Велес, која започнува со средување на подтрибинскиот простор, соблекувални, ходници и тоалети. „Ова е почетната фаза, втората фаза е комплетна промена на подот и на осветлувањето“, појасни тој и додаде дека првиот дел би требало да заврши до крајот на годината, а вториот дел до крајот на февруари или март. Со тоа, како што наведе, би се заокружила една инвестиција од околу 25 милиони денари, со што Велес конечно ќе добие спортска сала каква што заслужува, бидејќи навистина е спортски град што треба да има модерен спортски објект. На клучното прашање за парите и предвидувањата за наредната година, министерот потсети дека оваа година преку субвенциите и средствата што доаѓаат преку игрите за среќа директно до клубовите и федерациите се пуштени преку 500 милиони денари, што е сериозна сума на пари. Тој направи споредба со таканаречениот ваучер што го имаше претходната влада, ко