Ристески: Намалениот ДДВ на горивата им носи заштеда до 350 илјади евра дневно на граѓаните
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, изјави дека намалувањето на данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти веќе дава конкретни резултати и дека граѓаните на дневна основа заштедуваат меѓу 250 и 350 илјади евра. Според него, оваа мерка директно влијае врз џебот на домаќинствата и претставува еден од клучните инструменти со кои Владата се обидува да го заштити животниот стандард во услови на енергетска и економска криза. Ристески, одговарајќи на пратеничко прашање, оцени дека станува збор за една од најголемите енергетски и економски кризи во поновата историја, која ги погодува сите држави, пред сè во снабдувањето со енергенси, а индиректно и секоја економија. Тој посочи дека во сето ова не е изоставена ниту Македонија, која има кревка економија, поради што при носењето на одлуките и мерките од страна на ресорните министерства и Владата мора многу да се внимава. Како главен приоритет на Владата тој ја наведе заштитата на животниот стандард на граѓаните. Објаснувајќи ја структурата на заштедата, Ристески истакна дека најмногу се троши дизел и дека околу 70 проценти од граѓаните и економијата функционираат со ова гориво. Само по таа основа, како што рече, заштедата изнесува околу 250 илјади евра дневно, а кога ќе се додадат и бензините, заштедата достигнува и до 350 илјади евра на дневно ниво. Тој пресмета дека ако се земе предвид периодот на важност на мерката, вкупната заштеда за граѓаните би изнесувала околу 3 до 4 милиони евра за два месеца. Заменик-министерот нагласи дека Владата има капацитет да се справи со последиците од кризата и оти мерките се носат по детални анализи и координација меѓу повеќе институции. Според него, одлуките и мерките се добро анализирани и разговарани меѓу повеќе институции и министерства, при што се води сметка не само да се заштити животниот стандард, туку и да не се предизвикаат големи последици врз економијата и буџетот на државата. Ристески додаде дека Владата истовремено не сака да запре со гол