Ревизорите ги потврдија сомневањата на обвинителството: погонските станици во РЕК „Битола“ платени, но никогаш целосно монтирани
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Државниот завод за ревизија во својот најнов извештај за работењето на АД ЕСМ ги потврди наводите на Основното јавно обвинителство Битола во судскиот процес што се води за дислокацијата на погонските станици од Рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници РЕК „Битола“. Според извештајот на ревизорите, утврдените состојби во целост се поклопуваат со она што го тврди обвинителството – условите на тендерот биле предимензионирани и ограничувачки за конкуренцијата, а иако на избраниот економски оператор му била исплатена целата договорена сума како работата да е завршена, погонските станици не биле целосно монтирани ниту ставени во употреба. Судскиот процес опфаќа дејствија од 2023 и 2024 година, а на обвинителната клупа се наоѓаат бизнисменот Борче Марковски и неговата фирма „Марковски Компани Борче“, екс директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски, уште четворица вработени во РЕК „Битола“ кои во тој период биле на раководни функции, како и двајца вработени во фирмата на Марковски. Обвинението на ОЈО Битола се потпира на потпишаната документација од овластени лица од РЕК „Битола“ и од „Марковски компани“, која била искористена за исплата на средствата, а во која погонските станици биле прикажани како целосно монтирани. Ревизорите во својот извештај отвораат и сомнеж дали набавката и дислокацијата на погонските станици воопшто биле потребни и дали државните средства биле наменски потрошени. Како што се наведува во извештајот на ДЗР, во книговодствената евиденција на РЕК „Битола“ погонските станици се воделе како материјални средства во подготовка, што дополнително ја зајакнува тезата дека тие никогаш не биле ставени во функција. Ревизорите пишуваат дека не е направена монтажа на станиците во РЕК „Битола“ и наведуваат конкретни состојби што ги утврдиле во текот на постапката. Според наодите на Државниот завод за ревизија, барањата за техничката и професионалната способност во тендерската документација претставувале обемни листи кои се однесуваат на опрема од различен вид и на човечки ре