Ревизијата потврди: СЈО исплаќало плати и надоместоци спротивно на законот, граѓаните чинеше милионски суми

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Државниот завод за ревизија утврдил дека поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) исплаќало плати и надоместоци спротивно на релевантната законска регулатива, изјави Ружица Николовска, член на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дебатната емисија „Анализа" на 24 ТВ. Според нејзините зборови, конечниот извештај за извршена ревизија на усогласеност на плати и надоместоци во СЈО покажал дека во периодот од јануари 2016 до септември 2019 година точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не биле во согласност со релевантната законска регулатива. Николовска потенцираше дека станува збор за додатоци и надоместоци кои, како што рече, биле исплаќани без соодветна законска основа. Таа се осврна на работата на поранешното СЈО и на постапувањето во предметите од висока корупција, нагласувајќи дека ревизорскиот извештај за усогласеност на плати и надоместоци и други надоместоци во СЈО утврдил нерегуларности токму во врска со овој додаток во периодот 2016–2019 година. „Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Јас тоа го прашувам од еден друг аспект, бидејќи јас исто така водев еден предмет кај што беше гонета одредена особа за исто такви некои додатоци, надоместоци и тоа од обвинител исто постапува од СЈО којшто притоа од она што беше пласирано во медиуми. Јас не знам, не тврдам дека биле земани бонуси односно додатоци за тајност. За мене како адвокат, читајќи го и Законот за јавно обвинителство и Законот за специјалното јавно обвинителство, па сметам дека една од основните работи во постапувањето на секој јавен обвинител е точно да ги чувате податоците до коишто дошол во своето работење и да не ги изнесува", изјави Николовска во емисијата. Таа додаде дека СЈО ги чинело граѓаните и оваа држава милионски суми, без конкретни испорачани резултати. „Овдека, од она што се читаше, од она што беше достапно во јавноста се зборуваше за навистина огромни суми. СЈО ги чинеше граѓаните и оваа држава милионски суми за неш

Ревизијата потврди: СЈО исплаќало плати и надоместоци спротивно на законот, граѓаните чинеше милионски суми | FinPortal.mk

Државниот завод за ревизија утврдил дека поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) исплаќало плати и надоместоци спротивно на релевантната законска регул