Ревизијата на ДЗР откри сериозни пропусти во набавките на ЕСМ: 143,5 милиони евра обврски, неискористен гасен мотор и анекси
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Државниот завод за ревизија (ДЗР) отвори сериозни прашања за начинот на кој ЕСМ ги планирал и реализирал јавните набавки во периодот опфатен со контролата. Според извештајот на ДЗР, во периодот што го покрива ревизијата биле анализирани 27 постапки за јавни набавки, со преземени обврски во 2024 година во вкупна вредност од 143,5 милиони евра. Ревизорите утврдиле низа слабости, вклучително и набавки на стоки и услуги кои не биле искористени или не биле целосно реализирани. Според извештајот, планирањето и спроведувањето на постапките за јавни набавки, како и реализацијата на склучените договори, не биле во согласност во сите материјални аспекти со релевантната законска и подзаконска регулатива, плановите и договорите. Ревизорите утврдиле слабости уште во фазата на планирање. Годишниот план за јавни набавки бил изготвуван врз основа на претходни договори, без соодветно истражување на пазарот и без користење на можноста за технички дијалог. Дополнително, утврдени се недостатоци при определувањето на проценетата вредност и анализата на реалните потреби на друштвото. Како последица, во текот на 2024 година биле донесени 19 измени на Годишниот план за јавни набавки, што, според ревизорите, влијаело врз ефикасноста, финансиското планирање, роковите, транспарентноста и предвидливоста на постапките. Особено внимание во извештајот привлекува набавката на гасен мотор преку постапка со преговарање без објавување оглас. ДЗР наведува дека не било можно да се потврди оправданоста на повикувањето на крајна итност. Иако за набавката бил исплатен значителен дел од договорната вредност, односно 153,283 милиони денари или околу 2,48 милиони евра, моторот не бил ставен во функција. Наместо да биде оперативен, моторот подолго време бил складиран, без да бидат обезбедени потребните предуслови за негово инсталирање и користење. Ревизорите откриле и набавки на стоки и услуги кои не биле користени или не биле целосно реализирани. Кај набавката на адитив во вредност од 2,29 милиони евра, најг