Ревизија: „Мој Термин“ останал без договор за одржување 738 дена, ДЗР откри сериозни слабости во системот

FinPortal.mk · 1.10.2026 г.

Националниот здравствен информатички систем „Мој Термин“ во периодот од јануари 2021 до април 2026 година бил без договор за одржување вкупно 738 дена, што претставува 37,9 отсто од анализираниот период. Ова го покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија, која откри низа слабости во управувањето со системот, кадровските капацитети, ИТ-безбедноста и заштитата на личните и медицинските податоци. Според извештајот на ДЗР, за одржување на „Мој Термин“ и поврзаните информациски системи во јавните здравствени установи во анализираниот период биле склучени договори во вкупна вредност од 333,3 милиони денари, односно околу 5,42 милиони евра. Од овие средства, само девет отсто се однесувале на националниот здравствен информатички систем, додека 91 отсто биле наменети за други информациски системи во јавното здравство. Ревизијата утврдила дека договорите за одржување на системот се склучувале на годишно ниво, без притоа да се обезбеди континуитет во функционирањето. Дополнително, во анализата не биле опфатени трошоците за апликативните софтвери и нивното одржување што ги користат матичните лекари и приватните здравствени установи, што дополнително ја отежнува целосната слика за вложувањата во овој сектор. Посебен наод на ДЗР се однесува на концентрацијата на вложувањата. Имено, 48 отсто од вкупните вложувања кај јавните здравствени установи што користат други информациски системи биле концентрирани кај три софтверски компании. Според ревизијата, ваквата состојба упатува на ризик од концентрација и ограничена конкуренција на пазарот, што може да има долгорочни последици врз квалитетот и цената на услугите. Ревизијата открила и сериозни кадровски слабости во Управата за електронско здравство. Во оваа институција биле пополнети само 29 отсто од предвидените работни места, а дел од кадровските потреби се надополнувале преку договори по дело што се склучувале на годишно ниво. Притоа, не била изработена функционална анализа за реалните потреби од кадар, што според ДЗР дополн

Ревизија: „Мој Термин“ останал без договор за одржување 738 дена, ДЗР откри сериозни слабости во системот | FinPortal.mk

Националниот здравствен информатички систем „Мој Термин“ во периодот од јануари 2021 до април 2026 година бил без договор за одржување вкупно 738 дена, што прет