Ревизија: Говорот на омраза и слабите мерки ги држат жените подалеку од лидерските позиции
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Говорот на омраза е една од најголемите пречки за учество на жените на високи раководни функции во државата, покажува ревизијата на успешност на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на тема „Жени лидери – жени во политиката, Собранието, на раководни функции во органи на централна власт“. Ревизијата, која го опфати периодот од 2020 до 2024 година, а одредени прашања и настани ги следеше и до денот на известувањето, утврди дека не се воспоставени ефективни политики и мерки за зајакнување на улогата на жените на лидерски позиции и на раководни функции во органите на централната власт. Податоците од ревизијата покажуваат јасна слика на нерамнотежа. Жените претставуваат 57,5 отсто од вкупно 110.885 вработени во јавниот сектор, што значи дека тие се мнозинство меѓу вработените. Но, на раководни позиции најчесто се именувани мажи, што укажува дека поголемата застапеност на жените во јавниот сектор не се преточува и во еднаков пристап до позициите на кои се носат одлуките. Според ревизијата, законски задолжителната квота за помалку застапениот пол има ефект врз учеството на жените во Собранието. Во периодот од 2007 до 2024 година учеството на жените пратенички се движи од 30 до 43 отсто, а во 2024 година изнесува 39,2 отсто. Со овој процент државата има повисока застапеност на жените во парламентот од 83 отсто од земјите членки на Европската Унија, а во однос на земјите од регионот кои не се членки на ЕУ е на прво место. Сепак, и покрај високата бројка, од конституирањето на првото Собрание во 1991 година до 2024 година, ниту една жена не е избрана за претседател на Собранието. Во актуелниот парламентарен состав има една жена потпретседател, а со Деловникот од 2023 година е воведена позитивна мерка со која најмалку еден од потпретседателите треба да биде од помалку застапениот пол. Во извршната власт состојбата е поинаква. Законот за Владата и Деловникот не предвидуваат родов баланс при предлагањето и именувањето на министрите. За разлика од парламентот, каде постои правно обв