Ретклиф: Обединетото Кралство е во опаѓање поради високите даноци и имиграцијата
FinPortal.mk · 19.9.2026 г.
Сер Џим Ретклиф, косопственик на Манчестер јунајтед и основач на петрохемискиот гигант Инеос, го опиша Обединетото Кралство како земја која е „во опаѓање“ од времињата кога, како што рече, имала „најголемата империја во светот“. Во интервју за Би-би-си, во емисијата „Големиот шеф“, тој оцени дека Обединетото Кралство е во пад поради високите даноци и имиграцијата. Ретклиф, кој од 2020 година живее во Монако, земја со поволен даночен режим, изјави дека некогаш „сме биле величествен народ“. Тој потсети на историските достигнувања на земјата и изрази сомнеж дека падот може да се запре. Ова е вторпат Ретклиф јавно да ја критикува состојбата во земјата. Пред седум месеци, во изјава за Скај њуз, тој рече дека земјата е „колонизирана од имигранти“, по што подоцна се извини ако тие забелешки „навредиле некои луѓе“. Иако даночниот товар во Обединетото Кралство достигна највисоко ниво од Втората светска војна, околу 35,3 отсто од БДП, Канцеларијата за буџетска одговорност наведува дека тој сепак останува значително под просекот на 14 западноевропски економии. Ретклиф, исто така, ја критикуваше одлуката на владата да не инвестира дополнително во ресурсите од Северното Море преку доделување лиценци за нафтените и гасните полиња Џекдо и Роузбанк, што го нарече „лудило“. Тој предупреди дека зависноста на земјата од увоз на енергија значи дека може да „остане без гас“ доколку оваа зима има студен бран. „Ризикот што го имате оваа зима е дека ќе останеме без гас. Ако имаме навистина остар студен бран, тогаш постои можна веројатност дека ќе останеме без гас и ќе мора да ја исклучиме индустријата“, рече тој. Како одговор на критиките, владата соопшти дека работи на поттикнување на растот и дека деловните инвестиции се зголемиле во последните две години. Портртпаролот изјави за Би-би-си дека не предвидуваат проблеми со снабдувањето со гас, наведувајќи дека земјата има разновиден енергетски микс и дека е сигурна во безбедноста на снабдувањето. На прашањето дали планира да се врати во Об