30.10.2026 - Реплек АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Реплек АД Скопје го објави деветмесечниот финансиски извештај за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година, во кој се забележува значителен раст на домашниот пазар и стабилизација на извозот во третиот квартал, соопшти компанијата. Во првите девет месеци од 2026 година, Реплек продолжи со реализација на своите развојни приоритети во услови на различна динамика на домашниот и меѓународните пазари. Растот на домашната продажба и на продажбите преку сопствените претставништва, заедно со стабилизацијата на извозот во третиот квартал, го одбележаа периодот во кој компанијата продолжи да инвестира во производствените капацитети и развојот на портфолиото. Во сегментот Фармација, домашниот пазар оствари раст од 14%, додека продажбите на пазарите со сопствени претставништва се зголемија за 56%. Овие движења делумно ја ублажија пониската реализација преку извозната партнерска мрежа, која и натаму влијае врз кумулативните деветмесечни резултати. По стабилизацијата во третиот квартал, раководството очекува планираните извозни испораки во последниот квартал да надоместат дел од разликата во продажбата создадена во првото полугодие. На консолидирано ниво, Групацијата оствари приходи од продажба од 1.359 милиони денари (22,1 милиони евра), EBITDA од 332 милиони денари (5,4 милиони евра) и нето добивка од 180 милиони денари (2,9 милиони евра). EBITDA маржата достигна 23,9% и е над нивото од истиот период лани, додека апсолутните износи на продажбата и добивката се пониски. Клучните консолидирани финансиски показатели за првите девет месеци од 2026 година, споредени со истиот период од 2025 година, се следни: Вкупни оперативни приходи: 1.388,3 милиони денари (2025: 1.645,7 милиони денари) Приходи од продажба: 1.359,3 милиони денари (2025: 1.613,9 милиони денари) Вкупни оперативни расходи: 1.174,8 милиони денари (2025: 1.359,0 милиони денари) Оперативна добивка: 213,6 милиони денари (2025: 286,6 милиони денари) EBITDA: 332,4 милиони денари (2025: 376,6 милиони денари) EBITDA