Реконструкцијата на студентските домови во Македонија ги приближува кон европските стандарди

FinPortal.mk · 13.9.2026 г.

Во Скопје е завршена реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“, а при крај е и реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. За уште седум други студентски домови низ земјава или тече постапка за избор на изведувач или, пак, наскоро треба да се распише тендер. Проектот го води Министерството за образование, а во него помагаат и финансиерите – Германската развојна банка KfW и Европската Унија. Освен што се подобрува стандардот на живеење на студентите, реконструкцијата е фокусирана и на енергетската ефикасност на студентските домови, кои во најголем дел потекнуваат од 50-ите и 60-ите години од минатиот век. Со новите мерки тие ќе трошат далеку помалку енергија и со тоа ќе ја заштитуваат и животната средина. Новите стандарди, сепак, ќе значат и намалување на бројот на легла. Не беше толку одамна кога од оџакот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје излегуваше црн чад во зимските денови, а медиумите објавуваа написи со наслови како „Кузман ги отру скопјани“. Делото не беше со умисла да се наштети некому. Едноставно, греењето за студентите во зградата во Центар, направена во 50-ите години од минатиот век, беше на мазут. Но, претстојната зима „Кузман“ нема да го загадува Скопје. Првично, затоа што во него нема студенти – домот не работи. Но, така ќе остане и кога повторно ќе биде пуштен во употреба, најверојатно од следната година. Котелот за мазут на студентскиот дом во центарот на Скопје е исчистен и запечатен. Зградата е поврзана на централно греење, а на покривот има мала фотоволтаична централа. Вградени се „фенкојлери“. Така кажуваат претставници на градежната компанија „Страбаг“, додека во обиколка низ домот водат група новинари и претставници на домашни и меѓународни институции. Веќе трета година зградата е активна градежна зона. Целта е да се подобрат условите за студентите, но притоа да се воведат највисоките можни стандарди за енергетска ефикасност. Освен активните механизми за ладеење и греење, тука се и трослојнит

Реконструкцијата на студентските домови во Македонија ги приближува кон европските стандарди | FinPortal.mk

Во Скопје е завршена реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“, а при крај е и реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. За уште