Речиси две третини од општините во земјава без локален медиум, пет општини целосно медиумски „мртви
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Од вкупно 80 општини во Македонија, 49 немаат сопствен локален медиум, покажува анализата на „Наратив АИ“ за состојбата со медиумската покриеност на локално ниво. Повеќето од овие општини сепак се покриени од регионални медиуми со седиште во поголеми, блиски градови, но пет општини остануваат целосно без никаква медиумска покриеност — ниту од локални, ниту од регионални традиционални медиуми. Според податоците од истражувањето, во моментов во земјата постојат 19 печатени изданија — весници и списанија. Од нив, 16 се издаваат од издавачи со седиште во Скопје, додека по еден издавач има во Штип, Свети Николе и Прилеп. Во текот на изминатата деценија, според списокот на избришани издавачи, од регистарот се отстранети 37 печатени изданија, меѓу кои и седум дневни весници. Меѓу отстранетите има две изданија од издавачи од Битола и едно од Штип. Анализата покажува и дека во земјата работат 59 радиостаници — осум со национална покриеност, 14 регионални и 36 локални. Радиостаници функционираат во Скопје, Битола, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Ново Село, Прилеп, Штип, Струга, Струмица, Свети Николе, Тетово, Валандово, Велес и Виница. Од 2014 година досега се затворени 35 радиостаници, меѓу кои локални радиостаници во Делчево, Берово, Долнени, Липково, Маврово и Ростуше, како и во Пехчево. Кога станува збор за телевизиската сцена, во земјата има 43 телевизиски канали — 17 со национална покриеност, 12 регионални и 13 локални. Општините Кратово, Неготино, Македонска Каменица, Крушево, Дојран, Демир Хисар, Центар Жупа и Чашка се покриени од регионални медиуми, но Крива Паланка, Ранковце, Демир Капија и Дебрца немаат покриеност ниту од локални, ниту од регионални традиционални медиуми. Во Охрид, пак, традиционалните локални медиуми се затворени, додека постојните локални медиуми функционираат онлајн. Севкупно, податоците откриваат дека медиумската мапа на Македонија е сè поцентрализирана — најголем дел од печатените изданија доаѓаат од Скопје, а голем б